Побарај анализа
Страница

Приватност

Оваа изјава објаснува кои податоци ги собира strateg.mk, зошто ги собира, колку долго ги чува и што можете да побарате во врска со нив.

Кој ги обработува податоците

Strateg, студио за перформанс маркетинг, со седиште во Македонија.

Контакт за прашања поврзани со заштитата на личните податоци: kontakt@strateg.mk

Кои податоци се собираат

Преку формуларот за барање анализа

  • име и презиме
  • бренд или име на фирма
  • е-пошта
  • телефон, ако го внесете
  • веб-страница или профил на Instagram, ако го внесете
  • месечен буџет за реклами, ако го изберете
  • што сакате да постигнете, ако го напишете
  • IP адресата од која е испратено барањето, како заштита од злоупотреба

Полињата означени како „по избор” не се задолжителни и формуларот може да се испрати без нив.

Технички записи на хостингот

Zemi.mk, како давател на хостинг услугата, води стандардни записи за пристап. Тие содржат IP адреса, време на пристап и адреса на страницата.

Ништо друго

Сајтот не поставува колачиња за посетителите, нема мерач на посетеност, нема рекламен пиксел, нема вградени видеа ниту мапи од трети страни, и нема следење преку социјални мрежи. Фонтовите се хостирани на самиот сајт, што значи дека при нивното вчитување вашата IP адреса не се испраќа до друг сервер.

Зошто се обработуваат

  • Одговор на вашето барање. Правен основ: подготовка за склучување договор на ваше барање.
  • Безбедност на сајтот. Правен основ: наш легитимен интерес да го заштитиме сајтот од злоупотреба и автоматско испраќање.

Колку долго се чуваат

  • Барањата од формуларот: до 24 месеци од последната преписка, потоа се бришат.
  • Техничките записи на хостингот: според политиката на Zemi.mk.

Со кого се споделуваат

Само со Zemi.mk, како давател на хостинг услугата, на чиј сервер е хостиран сајтот и каде се чуваат барањата. Со никој друг. Податоците не се продаваат и не се користат за други цели.

Ваши права

Имате право да побарате увид во податоците што ги чуваме за вас, нивна исправка, бришење, ограничување на обработката или преносливост. Имате право и да поднесете претставка до Агенцијата за заштита на личните податоци.

Барањето се испраќа на kontakt@strateg.mk. Одговараме во рок од 30 дена.

Промени

Оваа изјава може да се менува. Важи верзијата објавена на оваа страница.

Последно ажурирање: 11 август 2026 година.

Побарај анализа